Доминик Калверт-Лувив со гол во 95.минута го шокираше Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“. Дуелот од 23.коло во Премиер лигата, помеѓу Јунајтед и Евертон заврши без победник 3.3.
„Црвените ѓаволи“ одиграа беспрекорно прво полувреме, во кое целосно го надиграа ривалот, постигнаа два гола и пропуштија уште неколку сериозни шанси да ги нокаутираат „карамелите“.
Единсон Кавани го постигна првиот гол во 24.минута, по асистенцијата од Маркус Рашфорд. Во 45.минута Бруно Фернандеш на брилијантен начин го совлада Олсен, инаку најлошиот играч во поставата на Евертон. За Португалецот ова беше 13. гол сезонава.
Веднаш по примениот гол, Калверт-Лувин, во ситуација еден на еден, шутираше крај голот на Де Хеа.
Во вториот дел, Евертон во интервал од 180 секунди им приреди шок на Јунјатед. Докуре во 49.минута го намали резултатот, а Хамес Родригез израмни во 5.минута. Колумбиецот го постигна првиот гол на гостински терен оваа сезона.
Десетина минути им беа потребни на Јунајтед да се врата во мечот, откако има неколку опасни напади, а Олсен успеа да му одбрани мртва шанса на Рашфорд, Мектоминеј со голема помош на голманот на Евертон им ја врати предноста на Јунајтед.
Евертон не успеа да наметне свој ритам по примениот гол, Јунајтед ја имаа ситуација под контрола, меѓтоа во 95.минута по центаршутот на Сигурдсон, комплетната одбрана лошо реагираше, Калверт-Луин остана сам пред Де Хеа и лесно реализираше за 3:3.
> Калверт-Лувин во 95.минута им ја украде победата на Манчестер јунајтед <