Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Како реагираше новинарот за ставот на Ѓоковиќ околу вакцицинацијата: Зошто Новак, зошто?

Како реагираше новинарот за ставот на Ѓоковиќ околу вакцицинацијата: Зошто Новак, зошто?
Img 7972

Новак Ѓоковиќ во ексклузивно интервју за Би-би-си го потврди својот став дека нема да се вакцинира, дури тоа и да значи дека нема да може да учествува на најголемите турнири. Во интервјуто рекол дека не е антиваксер, туку дека едноставно ги почитува своите принципи.

Новинарот кој го водеше интервјуто, Амол Ражан, имал што да каже откако Ѓоковиќ го шокираше со изјавата.

„Мислам дека ова го направи за да се покаже дека не е дел од светското движење кое се противи на вакцинацијата и уште еднаш да и порача на Австралија дека не сакаше да ги прекрши нивните правила“.

На социјалните мрежи се појави реакцијата на Ражан во текот на интервјуто кога го праша Ѓоковиќ дали е подготвен да се откаже од шансата да стане најдобриот играч во историјата, само поради своите принципи.

„Ако тоа значи дека ќе мора да ги пропуштиш Ролан Гарос, Вимблдон…Дали си подготвен да ја платиш таа цена?“, го праша Ражан Ѓоковиќ.

„Да, подготвен сум“, одговорил српскиот тенисер.

„Но зошто Новак, зошто?“, реагира Ражан.

„Принципот дека јас ја носам одлуката за моето тело е поважна од останатото“, објасни Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ за задолжителната вакцинација: Принципите се поважни од трофеите

> Како реагираше новинарот за ставот на Ѓоковиќ околу вакцицинацијата: Зошто Новак, зошто? <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер