Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Како Надал влегол во Австралија? Сите молчат и покрај тоа што го прекршил законот“

„Како Надал влегол во Австралија? Сите молчат и покрај тоа што го прекршил законот“
300x250 opst2

Новак Ѓоковиќ пет дена е затворен во хотелот за мигранти во Мелбурн, а Рафа Надал го прослави освојувањето на првиот трофеј во новата сезона.

На Ѓоковиќ, граничните власти му ја поништија визата, тој го чека судењето, по кое ќе се знае дали ќе му биде одобрен влезот во државата. Во исто време, српскиот фудбалер Милош Нинковиќ, кој неколку години игра во Австралија, посочи дека и на Надал не требало да му биде дозволен влез во земјата.

„Многу тенисери влегоа бидејќи добиле медицински исклучок, само Новак го затворија. Никој не говори на таа тема. Доколку си австралиски државјанин и не се наоѓаш во земјата, а си добил ковид во некоја друга земја, во наредните 14 дена не можеш да влезеш во Австралија“, рекол Нинковиќ за српски „Курир“ и дополнил.

„Никој не го постави тоа прашање…Колку што се сеќавам Надал објави дека е заразен на 20.декември, а во Австралија влезе на 30. или 31.декември. Значи не поминале две недели. Никој не пишува за ова, никој не го поставува ова прашање. Како се случи тоа? Ова само говори дека целта од почетокот им бил Ѓоковиќ“.

> „Како Надал влегол во Австралија? Сите молчат и покрај тоа што го прекршил законот“ <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг