Утрински Весник
Македонија

Казни од 250 – 500 евра за непочитување на јавниот превоз на патници во вонредна состојба

Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метра меѓу патниците и може да има најмногу 50 отсто патници од вкупниот број седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.

Ова е предвидено со Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба што ја донесе Владата на денешната седница.

-Уредбата предвидува дека глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако врши превоз на патници спротивно од оваа уредба со законска сила, додека глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице-трговец поединец и правно лице ако врши превоз на патници спротивно на член 3-а од оваа уредба со законска сила. На одговорното лице во правниот субјект ќе му се изрече глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност, информира Владата. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи