Утрински Весник
Македонија

Казни од 20 евра за 12 луѓе кои не носеле заштитни маски во тетовско

Казни од 20 евра за 12 луѓе кои не носеле заштитни маски во тетовско

Тетово, 21 мај 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа на подрачјето на тетовскиот регион, полицијата изрекла 12 прекршочни санкции односно казни од по 20 евра за лица кои не носеле заштитни маски за лице, информираат денеска од СВР Тетово.

Во рамки на контролата на ограниченото движење, евидентирано е дека 10 лицa не ја почитувалe одлуката.

-Десет лица биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за непостапување според прописите за време на епидемија од член 206 од Кривичен законик, потенцираат од тетовската полиција.

Во изминатото деноноќие нема нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а  биле контролирани вкупно 156 лица. Нема нови решенија за самоизолација, а немало ни луѓе за контрола за таа мерка.ас/бт/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив