Скопје,8 мај 2020 (МИА) – Основното обвинителство од Штип предложи да бидат казнети девет лица со парична казна во висина од по 50 дневни глоби, секоја од нив во износ од 10 евра во денарска проиввредност заради непочитување на полицискиот час. Осум од лицата со возило или пеш се движеле низ градот, а едно од нив го напуштило својот дом и заминало кај сограѓанин од Пробиштип по што физички го нападнал.
-Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело обвинителството предложи на сите обвинети да им биде изречена парична казна во висина од по 50 дневни глоби , секоја од нив во износ од 10 евра во денарска проиввредност за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата воведена со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ЈОРМ.
Еден обвинет, за време на полицискиот час во Пробиштип го напуштил својот дом, заминал кај сограѓанин од Пробиштип по што физички го нападнал. сст/ац/