Утрински Весник
Македонија

Казни од по 100 дневни глоби за тројца штипјани кои го прекршиле полицискиот час

Поставени заштитни огради на тротоарите на штипскиот булевар „Гоце Делчев“

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Штипското обвинителство денеска побара парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив со висина од по 20 евра во денарска противвредност за три лица кои го прекршиле полицискиот час.

За обвинетите се поднесени предлози за издавање казнени налози, бидејќи за време на епидемија не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

– Тие во одделни кривично правни настани, пеш или со патнички возила се движеле низ Штип на 25 и 26 март. Со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, појаснија во денешното соопштение од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија. цр/​са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме