Утрински Весник
Македонија

Казни од по 1.000 евра за тројца кумановци и четворица кратовци кои го прекршиле полицискиот час

Пуштање во употреба нови простории во ОЈО Куманово
Dik 300x250 mk

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање парични казнени против седум лица за прекршување на полицискиот час.

– Тројца од нив се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно во сила биле прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид– 19. Четворица обвинети се движеле низ Кратово и со тоа постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, информираат од ОЈО.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на судот му предложил да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи