Утрински Весник
Македонија

Казни од две илјади евра за 19 лица од Скопје, го прекршиле полицискиот час

ОЈО Берово издаде три казнени налози за непочитување на полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на, соопштија од ОЈО Скопје.

Сите обвинети како што известија од Обвинителство не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции