Во периодот од 30.05.2022 до 05.06.2022 била спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 539 возачи. Од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.