Утрински Весник
Македонија

Казни за 40 лица кои не носеле заштитни маски во Тетовско

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час

Тетово, 29 мај 2020 (МИА) – Тетовската полиција продолжува со издавањето повеќе десетици прекршочни платни налози за неносење заштитни маски согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот.

 – Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи – Тетово за периодот 28 и 29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 40 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР – Тетово бележи 18 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, додека вкупно биле контролирани 206 лица. Изјави за самоизолација потпишале пет лица, а контрола била извршена на 20 луѓе.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите