Утрински Весник
Македонија

Казни за 201 возач во Скопје, 56 за брзо возење

Казни за 201 возач во Скопје, 56 за брзо возење
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, три за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Кај синот пронајдена марихуана, кај таткото пиштол без документација – уапсени двајца тетовци

Притвор за 6 лица и мерки претпазливост за 15-тина приведени за случајот со Прилепската болница, бара обвинителството

Драма во Центарот за социјални работи-Прилеп: Се степале колешки