Утрински Весник
Македонија

Казни за 190 возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Казни за 190 возачи во Скопје, 22 за брзо возење
Dik 300x250 mk

Вкупно 190 возачи во Скопје биле казнети за сторени сообраќајни прекршоци.

22 возачи добиле казна за возење над дозволената брзина, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Можете да прочитате

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026

Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштените лица

Во понеделник и вторник доаѓа нов постуден бран