Утрински Весник
Македонија

Казни за 189 возачи за еден ден во Скопје

Казни за 189 возачи за еден ден во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот 

Трипуновски од Гевгелија: Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи 

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја