Утрински Весник
Македонија

Казни за 10 лица кои без дозвола собирале отпаден материјал во Струмица и Куманово

Казни за 10 лица кои без дозвола собирале отпаден материјал во Струмица и Куманово

Физички лица, кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште – се парично казнети и задолжени да ги расчистат локациите.

Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции.

Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица.

Ваквите акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад, известуваат надлежните.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката