Утрински Весник
Македонија

Казни за тројца битолчани поради прекршување на полицискиот час

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Битолското обвинителство поднесе предлози за казнување на тројца граѓани поради прекршување на полицискиот час во овој град.

ОЈО Битола поднесе два предлога за издавање на казнени налози против три лица за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Со нив на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по  100 дневни глоби со висина   на една дневна глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Сите предлози за издавање на казнени налози се заради прекршување на полицискиот час, односно за непостапување по Одлуката за  забрана за движење, соопштија од Обвинителството. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Поради егото на поединци во Владата, работниците останаа без зголемување на платата

Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Украденото мора да се врати кај народот