Утрински Весник
Македонија

Казни за седум лица кои го прекршиле полицискиот час во Прилеп

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица кои го прекршиле полицискиот час и се движеле на различни локации низ Прилеп.

– Со своите дејствија сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им биде изречена казна од по 100 дневни глоби за секој од нив. Вредноста на една дневна глоба да изнесува 20 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди