Утрински Весник
Македонија

Казнети 515 возачи во Скопје

Казнети 515 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 515 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 515 мерки, меѓу кои 42 за возење без возачка дозвола, 37 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 санкции за непрописно паркирани возила, 8 за управување под дејство на алкохол.

71 возило е подигнато со „пајак“ и иречени се 36 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег