Утрински Весник
Македонија

Казнети 43 мотоциклисти во Кумановско

Полицијата информира дека денеска во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.

Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа – 6.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Можете да прочитате

Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи реагираат на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка