Утрински Весник
Македонија

Казнети 395 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 395 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 186 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 209 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар

Додека пожарите беснеат, Мицкоски на партиска трибина во Куманово

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате