Утрински Весник
Македонија

Казнети 265 возачи во Скопје

Казнети 265 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, од кои 31 мерка за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 14 санкционирани пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила пченицата од стоковите  резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДСМ?

Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година, на терен имаме подготвителни работи

Утре нов „Марш за ангелите“ во Кочани