Утрински Весник
Македонија

Казнети 230 возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење

Казнети 230 возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење

Полицијата вчера казнила 230 возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење, а 36 затоа што немале возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон.

Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на црвено светло, 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски

(Видео) Мајка на загинато момче во „Пулс“: Државата има одговорност, оваа тргаедија можеше да се спречи

Започна „Марш за ангелите“ во Кочани: Шест месеци од трагедијата што одзеде 62 животи