Утрински Весник
Македонија

Казнети 216 возачи во Скопје

Казнети 461 возач во Скопје  

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, 52 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерство за здравство иницира да се направи инспекција во болницата во Кавадарци по смртта на новороденчето

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави