Утрински Весник
Македонија

Казнети 196 возачи во Скопје

Притвор за мажот кој прегази мопедист во Трубарево – возел пијан, а удрил и дете

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, информираат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски