Утрински Весник
Македонија

Казнети 184 возачи во Скопје

Казнети 184 возачи во Скопје

За еден ден полицијата казнила 184 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 казни, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување, 11 за непрописно престигнување, 16 за користење на мобилен телефон и пет казни за минување на црвено светло.

Казнети се 55 лица за непрописно паркирање, а 44 возила се подигнати со „пајак“.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски во посета на САД

Холанѓани со дрон ја снимале касарната Илинден

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит