Утрински Весник
Македонија

Казнети 173 возачи во Скопје, од кои 20 за зборување на мобилен телефон

Казнети 173 возачи во Скопје, од кои 20 за зборување на мобилен телефон

Полицијата за еден казни 173 возачи во Скопје, од кои 28 за брзо возење, а 20 за користење мобилен.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се 20 санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за минување на црвено светло, четири санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 63 мерки за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен бугарски државјанин на ГП Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Левица: 14,3 милиони за патни трошоци на пратениците – 400 евра за преживување на работниците

Расчистена кражба во Велес, приведени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот