Утрински Весник
Македонија

Казнети 163 возачи во Скопје

Казнети 163 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казни 163 возачи од Скопје, од кои 51 за брзо возење, а 27 за некористење сигурносен појас.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

СДСМ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дефокус, анти ЕУ кампања, криминал и корупција

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

Ладен бран кај нас: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег