Утрински Весник
Македонија

Казнети 144 возачи во Општина Центар

Казнети 144 возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 144 мерки од кои 20  за возење без возачка дозвола, 4  за нерегистрирани возила, 7 мерки за возење под дејство на алкохол и други останати 104 прекршоци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фетаи на свечена академија по повод Денот на албанската азбука: Во чест на Конгресот во Битола и албанското културно наследство

Сиљановска-Давкова се сретна со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на Глобалниот совет за толеранција и мир

Подобра заштита за деца и преживеани од родово базирано насилство