Утрински Весник
Македонија

Казнети несовесни возачи во Скопје, 20 возеле пребрзо, 19 без возачка

Казнети несовесни возачи во Скопје, 20 возеле пребрзо, 19 без возачка

Полицијата во текот на вчерашниот ден (21. март) спровела засилени сообраќајни контроли на територијата на Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење со брзина поголема од дозволената 20 санкции и 19 за возење без возачка дозвола.

Исто така изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, како и 26 за непрописно паркирани возила.

Од ресороното министерство посочуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ладен бран од север, во Македонија ќе донесе врнежи и од дожд и од снег

Коцевски: Освен за Кочани, има докази од електронски уреди и за други кривични дела

Падна Фејсбук! – 24info.mk