Утрински Весник
Македонија

Казнени предлози против 30 лица поднесе ОЈО Скопје

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, истакнуваат од Обвинителство.

Јавното обвинителство за сите обвинети предложи да бидат одредени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што една дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел