Утрински Весник
Македонија

Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час

Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ​бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди