Утрински Весник
Македонија

Казнени налози против четири лица од Радовиш за прекршувања на забраната за движење

Четиринаесетгодишна скопјанка исчезнала од Кавадарци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе предлог за изрекување парична казна во висина од по 100 дневни глоби против четири лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– Обвинетите​ во три одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови помеѓу 23 и 24 март со патнички моторни возила се движеле по улиците на Радовиш каде биле контролирани од страна на полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, Полициска станица – Радовиш, стои во соопштението од ОЈО.

Со своите дејствија лицата сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството, како што информираат, предложило Судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.​ аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари