Утрински Весник
Македонија

Казнени налози за четири лица од Гостивар, го прекршиле полицискиот час

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство  Гостивар,  до Основниот суд во Гостивар достави предлози за издавање казнен налог против четири лица од Гостивар.

– Обвинетите се движеле пеш или со возила додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.Со прекршување на полицискиот час, обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Гостивар.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар ​му предложи на Судот на обвинетите да им биде определена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Законот за правична и соодветна застапеност доби зелено светло од Владата

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“