Утрински Весник
Македонија

Казнени налози за двајца тетовчани за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за двајца тетовчани за непочитување на полицискиот час

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство – Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Двајцата обвинети, во одвоени случаи на 12 и 13 април, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Основниот суд – Тетово му предложил на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби. фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: За запленетите 40 тони канабис има кривична пријава за 10 лица

Денеска дожд, а викендов ќе имаме променливо време

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата