Утрински Весник
Македонија

Казнени налози во висина од осум илјади евра поднесе ОЈО Велес

ОЈО Струга поднесе казнени налози против четири лица за прекршување на полицискиот час

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес против десет лица денеска до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Велес.

– Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, истакнуваа од Обвинителство.

Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.​ оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за убиство на свиреп начин во кумановско

Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките