Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Казна од 11 години затвор за маж кој уби горила во Уганда

Казна од 11 години затвор за маж кој уби горила во Уганда
Img 7972

Убиецот на една од најпознатите планински горили во Угадна, Рафики, е осуден на 11 години затвор.

Феликс Бјамукама призна дека нелегално влегуол во заштитеното подрачје на националниот парк и ја убил горилата. На почетокот на судењето, тој тврдеше дека животното го нападнало и дека го убил Рафики во самоодбрана.

Бјамукама, исто така се изјасни за виновен за убиство на антилопи и диви свињи односно за поседување на месо од овие животни, пишува Би-би-си.

Истрагата откри дека Рафики бил убиен од остар предмет што ги прободел неговите внатрешни органи. Претставниците на националниот парк на 1 јуни забележале дека горилото го нема, а неговото тело било пронајдено еден ден подоцна.

Уште тројца мажи се во затвор и очекуваат судење.

Властите во Уганда кон средината на јуни уапсија четворица мажи поврзани со убиството на 25-годишниот мажјак, кој бил водач на чопорот и многу популарен кај туристите.

Мажјакот по име Рафики беше убиен во Националниот парк Бвинди.

Тоа е парк под заштита на УНЕСКО кој се наоѓа во близина на границата со Конго, на чија територија има прашума која се протега на 320 квадратни километри. Овој национален парк е дом на мајмуни, слонови, антилопи и други диви животни.

Туристите најмногу го посетуваат поради популацијата од околу 400 планински горили кои ја населуваат областа. Околу половина од светската популација на горили живее токму во Бвинди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот