Утрински Весник
Спорт

Казна за Бернардески – на неговата плажа работеле непријавени работници

Казна за Бернардески – на неговата плажа работеле непријавени работници

Ѕвездата на Јувентус и на италијанската репрезентација, Федерико Бернардески доби финансиска казна од 40.000 евра и неговата плажа „Амаре Холи“ во Марина ди Карара била затворена од властите откако полицијата пронашла 11 непријавени работници.

Според весникот „Ла национе“, Бернардески токму на таа плажа се ожени со Вероника Чарди веднаш по враќањето од финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“, каде што со Италија ја освои титулата.

Локалните карабињери при инспекцијата пронашле 16 вработени во неговиот локал, од кои само 5 имале редовни документи, а другите работеле како келнери, бармени и мијачи на садови.

> Казна за Бернардески – на неговата плажа работеле непријавени работници <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија