Британците кои ќе одбијат да се самоизолираат ќе бидат казнети со 10.000 фунти, околу 13.000 американски долари.
Новото правило ги обврзува Британците да се изолираат доколку се позитивни на коронавирус или се утврди дека имале близок контакт со заразено лице. Правилото стапува на сила на 28 септември, пренесува АП.
Владата ќе им помогне на оние со пониски примања кои се соочуваат со загуба на заработката како резултат на самоизолација со еднократна исплата од 500 фунти (633 американски долари).
Конзервативната влада се очекува да воведе дополнителни ограничувања откако премиерот Борис Џонсон потврди дека Велика Британија е пред втор бран на епидемијата, следејќи го трендот во другите делови на Европа. Градоначалникот на Лондон, исто така, рече дека наскоро може да бидат потребни построги ограничувања во британската престолнина.