Утрински Весник
Спорт

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Швајцарија одлучи да ја преполови суспензијата од четири години на Русија од интернационалните спортски натпреварувања, но тоа значи дека Русија нема да може да прати спортисти на следната Летна и Зимска Олимпијада.

Русија ја доби оваа казна во декември 2019 година по обвинувањата дека Руската анти-допинг агенција (РУСАДА) праќала фалсификувани лабораториски наоди до Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

„Панелот на ЦАС едногласно утврди дека РУСАДА не го почитува светскиот анти-допинг код по неуспехот да достави автентични извештаи од нивната лабораторија во Москва. Како последица на тоа, казната ќе биде две години, почнувајќи од 17 декември 2020, до 16 декември 2022 година“, се вели во одлуката на ЦАС.

Ова значи дека Русија ги пропушта Олимпијадата во Токио следната година, Зимската олимпијада во Пекинг во 2022 и Светското првенство во фудбал во 2022 во Катар доколку се квалификува.

И покрај намалувањето на казната, одлуката е победа за ВАДА, бидејќи руското знаме и химна нема да се покажуваат на интернационалните натпреварувања две години, но ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме. Покрај ова, рускиот претседател Владимир Путин, како и другите владини официјални лица нема да можат да присуствуваат на натпреварувањата. Русија, сепак, ќе игра на Европското првенство во фудбал следната година, бидејќи тоа е регионално натпреварување.

> Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари