Скопје, 29 јуни 2020
Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфикциски средства во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против КОВИД-19 вирусот.
Оваа пандемија сосема го измени начинот на живот во целиот свет и ги преполни болниците со пациенти кои се борат за својот живот. Фактот дека никој не е поштеден, дека овој вирус не распознава нација, вера, пол и други определби ни покажа дека слогата е единственото нешто кое ќе ни помогне во овие тешки денови.
Токму затоа компанијата Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, претходно донираше и болнички кревети, во износ од 20.000,00 евра во оваа болница или вкупно 40.000,00 евра во неопходна медицинска опрема.
Водени од својата општествена одговорност и можноста да се помогне на нашата заедница Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија заедно со останатите членки на групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС Македонија, овој месец ќе реализираат донации во здравствените институции кои имаат КОВИД-19 центри во вкупен износ од 200.000,00 евра.
КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА – ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.