Утрински Весник
Свет

Казахстан започна вакцинација со своја вакцина против коронавирус

Казахстан започна вакцинација со своја вакцина против коронавирус

Казахстан денес започна со вакцинација против коронавирус со сопствена вакцина „казвац“ (QazVac), која е во третата фаза на клинички испитувања.

Државната телевизија јавува дека низ Казахстан се дистрибуирани 50.000 вакцини од две дози, развиени од Државниот институт за истражување на биосигурност.

Министерот за здравство Алексеј Цои ја прими првата доза на вакцината во директен телевизиски пренос, наведувајќи дека се чувствува „добро“ и дека владата е во преговори со Турција за производство.

Казахстан е првата земја што започна со производство на руската вакцина „спутник В“, која досега беше доминантна во кампањата за имунизација против коронавирусот.

Според министерот за здравство, секој 20-ти човек во Казахстан е вакциниран од почетокот на кампањата, која започна во февруари.

Според денешните официјални податоци, досега повеќе од 309.000 лица биле заразени со коронавирусот , а 3.570 починале во Казахстан, кој има 19 милиони жители.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император