Утрински Весник
Свет

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот.

Кинеската амбасада претходно објави вакви информации врз основа на кои ги повика Кинезите да не патуваат во регионите на Казахстан каде се шири наводната пневмонија.

Министерството за здравство објави официјално соопштение на својата фејсбук страница, обвинувајќи дека Кина шири лажни вести.

„Кинеските медиуми објавија дека во Казахстан имало повеќе смртни случаи од пневмонија отколку од коронавирус. Официјално известуваме дека овие информации се невистинити “, велат здравствените власти во земјата.

Додаваат дека СЗО ја вовела Меѓународната класификација на болести ИЦД-10, која вклучува код за пневмонија доколку се дијагностицира епидемиолошки, а не е потврдена со лабораториски студии.

Додаваат дека Казахстан, како и другите земји, ги следат споменатите видови на пневмонија, што ќе овозможи сузбивање на вакви случаи, но и ќе го намали ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп