Утрински Весник
Спорт

Кадровски проблеми во Реал и Манчестер сити

Фудбалерите на Манчестер сити ќе бидат ослабени на утрешниот дуел против Реал Мадрид во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите. Менаџерот Пеп Гвардиола нема да може да смета на стоперот Џон Стоунс и веројатно на десниот бек, Кајл Вокер.

Отосуството на Сотонс и веројатно на Вокер, значи Сити во одбраната ќе игра со Кансело, Дијаз, Лапорт и Зинченко.

Кадровски проблеми во пресрет на реваншот има и Карло Анчелоти. Во соатавот на Реал ќе го нема Давид Алаба, но во тимот ќе се врати Каземиро.

Да потсетиме, кралскиот клуб во саботата ја освои 35. титула на шампионот на Шпанија, додека Сити се уште се бори против Ливерпул.

Првиот натпревар на „Етихад“ заврши со победа на домаќините 4:3, додека реваншот во Мадрид е закажан за в среда од 21 часот.

> Кадровски проблеми во Реал и Манчестер сити <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал