Утрински Весник
Спорт

Кадиз му врачи отказ на Сервера

Кадиз му врачи отказ на Сервера
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Алваро Сервера повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Кадиз. Челниците на клубот решија да му врачат отказ поради катастрофалните резултати од почетокот на сезоната. Кадиз се наоѓа на претпоследното место во Примера, со само 14 бода.

Аргентинецот Сервера го предводеше Кадиз од 2016 година, пред минатата сезона успеа да речиси две децении да го врати клубот во Примера. Минатата сезона Кадиз го освои 12.место.

Во минатото коло, Кадзи доживеа пораз од Осасуна 2:0. Клубот од почетокот на сезоната има само две победи, а најзначајниот резултат го остварија во Мадрид, против Реал (0:0).

Според локалните медиуми, нов тренер на Кадиз ќе биде Серхио Гонзалес, кој минатата сезона со Ваљадолид испадна од лигата.

> Кадиз му врачи отказ на Сервера <

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска