Утрински Весник
Спорт

Кавани е подготвен за голем компромис, за да остане во ПСЖ

Кавани ќе потпише договор со Атлетико
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 22 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани едвај чека да потпише нов договор со клубот. Уругвајскиот репрезентативец прими неколку понуди од клубови кои сакаат да го привлечат како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, тој претпочита да го продолжи договорот со парижаните.

„Екип“ пишува дека Кавани е подготвен да ја намали својата плата за 40 отсто за да остане на „Парк де Пренс“. Тој добива 16 милиони евра годишно, а Интер му нуди 5 милиони по сезона да го засили тимот.

За време на тековната кампања, напаѓачот забележа 22 натпревари и 7 гола на сите турнири.

Сепак, тој беше измачуван од повредите и го загуби стартното место во ПСЖ на штета на Мауро Икарди.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов