Единсон Кавани во 88. минута го „скрши“ отпорот на Евертон за да донесе 2:0 победа на „Гудисон парк“ и пласман во полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао куп), каде што веќе се Манчестер сити, Тотенхем и аутсајдерот Брентфорд.
Јунајтед имаа одличен старт на мечот со многу шанси, но не ги искористија, и кога се мислеше дека мечот ќе отиде во продолженија, Кавани покажа дека уште го има „чувството“ за гол за со фантастичен удар да го совлада Џордан Пикфорд. Антони Марсијал во 96. минута ја запечати победата на „ѓаволите“.
> Кавани ги „скрши“ Евертон и ги однесе Јунајтед во полуфинале на Карабао купот <