Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кавани: ВАР го уништува шармот на фудбалот

Кавани: ВАР го уништува шармот на фудбалот
Img 7972

Ветеранот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани не е голем љубител на ВАР технологијата, оценувајќи дека со користењето на .-снимките драстично се успорува играта во еден меч и се предизвикуваат премногу контроверзи.

На Уругваецот минатиот месец му беше поништен еден гол против Тотенхем по долга пауза за прегледување на ВАР снимките поради фаул што се случи пред нападот, а тоа е само една од многуте контроверзни одлуки кои се случија оваа сезона.

„ВАР го одзема шармот на фудбалот и основните работи. Не знаете зошто судијата дава пенал или кога ќе ви досуди офсајд и како функционира цела работа. Ќе дадете гол и треба да чекате две минути пред да почнете да славите. Или уште полошо, ќе прославите, а потоа ќе ви кажат дека не важи бидејќи вашите нокти или косата биле во офсајд позиција. Или бидејќи вашиот соиграч направил мал фаул 14 додавања пред голот. Никој не ги прашува фудбалерите, ни велат ќути и играј“, вели Кавани.

> Кавани: ВАР го уништува шармот на фудбалот <

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа