Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец со секира му се заканувал на соседот

Кавадарчанец со секира му се заканувал на соседот

Кавадарци, 5 март 2020 (МИА) – Кавадарчанец со секира се заканувал на соседот, по што бил приведен, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

В.Ѓ.(51) од Кавадарци синоќа во 20.30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, пријавил дека околу 18.30 часот неговиот сосед И.О. со секира удирал по ѕидот од неговата куќа и му се заканувал по животот. И.О. бил приведен и се работи на расчистување на случајот.свд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека  

Апсење на „Јадранска Магистрала“: Полицијата заплени голема количина производи без документација

Рано утрово масовна акција на МВР – претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица