Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец загина по удар од автомобил

Кавадарчанец загина по удар од автомобил

Осумдесет и тригодишен маж (П.Ч.) од Кавадарци загина по сообраќајна несреќа кај булеварот Македонија го овој град.

Според информациите од полицјата, во него удрил автомобил управуван од Р.Ј.(21) од Кавадарци.

Мажот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде по полноќ починал.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“