Утрински Весник
Македонија

Кавадарци одлучи времено вработените во институциите во март да имаат ист статус како редовните

Во кол центарот на Кавадарци 1.401 повик со проблеми на жителите

Кавадарци, 27 март 2020 (МИА) – Сите вработени преку агенциите за привремени вработувања во јавните институции во март ќе имаат ист статус како редовно вработените. Вака е одлучено на состанокот што денеска се одржа во Кавадарци меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и директорите од јавните претпријатија и образовните институции.

– Сето тоа е поради новонастанатата ситуација со Ковид-19 и затворањето на јавните институции, согласно препораките на Владата, велат од Кабинетот на градоначалникот.

Препораките од Владата ќе се следат и во април. Од општината појаснуваат дека ова се однесува на претходно ангажираните лица кои доаѓаат подолг период на работа, а нововработени нема и нема да има.

Сите времени и редовно вработени во јавните институции и јавни претпријатија кои се под надлежност на општината, со посебен заклучок, се задолжуваат да бидат достапни и ќе бидат ангажирани за потребите за имплементација на мерките за борба против Ковид-19, согласно препораки на Кризниот штаб.

– Се мисли на набавка на намирници за стари и изнемоштени лица и лица од ранливите категории, како и учество во активности за дезинфекција и санитација. Во врска со новото претпријатие ЈП Паркинг Кавадарци, сите лица вработени во претпријатието тековно ќе ги извршуваат нивните обврски, но со оглед на намалениот обем на работа, да се јават и одговорат на обврските од кризниот штаб, појаснуваат од Кабинетот на Јанчев.

Сите исплати кон спортските клубови, невладините организации и ГФК Тиквеш се ставаат во мирување, поради нивно мирување и согласно мерките од Владата. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме